Borce Velickovski

 

Борче Величковски

Претседател на Националниот совет на македонската национална заедница, во мандатот 2010 - 2014, 2014 - 2018 и 2018-2022

 Роден на 29.08.1973.година во Крива Паланка, Р. Македонија

Образование/звање:

Хемијско-технолошки техничар

Дипломиран менаџер во медиумите

Работно искуство:

10 години работно искуство во стопанството,10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизмот за заштита на човековите и малцинските права

Работни места и функции:

- Раководител на секцијата „Синтеза“ во ХИП Азотара (1998-2002)

- Раководител на секцијата „Филтрирање на CО2„ во ХИП Азотара (2002-20007)

- Уредник на списанието „Јабука“ (2001-2002)

- Уредник на политичко информативната ревија на македонски јазик “Македонска виделина“ (од 2007 до 2009)

- Заменик директор на Новинско-издавачката установа „Македонски информативни и издавачки центар'' д.о.о. (2008-2009)

- ВД Директор и Главен и одговорен уредник на Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ Д.О.О.(2009-2011)

-Претседател на ИО на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија (2005-2010)

- Претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија (2010-2014)

- Претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија (2014-2018)

- Претседател на Нациналниот совет на македонското национално малцинство во Србија (2018-2022)

Специјалност:

Област на информирањето

Област на културата

Област на образованието

Област на прописите, управата и националните малцинства

Област на стопанството

Политички и други функции и активности:

- Член на Мешовитата меѓувладина комисија за следење на Спогодбата за правата на српското национално малцинство во Р.Македонија и македонското национално малцинство во Р.Србија (од 2010)

-Субкоординатор на Националните совети на Националните малцинства на Р.Србија (2011-2012)

-Председател на Координацијата на Националните совети на Националните малцинства на Р.Србија (2012-2013)

-Председател на Координацијата на Националните совети на Националните малцинства за АП Војводина (од 2014)

-Член на Националниот совет на националните малцинства на Р.Србија (од 2010)

-Член на Работната група на Владата на Р.Србија за изработка на Акционен план за поглавието 23 во процесот на интеграциите во ЕУ (од 2015)

- Член на Националниот совет на македонската заедницa за АП Војводина (2004-2010)

- Координатор на одборот за култура на Националниот совет на македонската заедница во Србија (2004-2006)

- Председател на КУД „Васил Хаџиманов“(2001-2007.година)

- Директор на КУД „Васил Хаџиманов“( од 2007-2010)

- Координатор на Националниот Ансамбл за народни песни и игри на македонската заедница во Р.Србија „Тоше Проески“(2008-2009)

- Портпарол на Демократскиот покрет за Панчево(2004-2005.година)

- Потпредседател на Демократскоиот покрет за Панчево(2005-2006.година)

- Председател на Демократскиот форум на македонската заедницаво Р.Србија(2007-2009).

- Член на Агендата 21 за Панчево (2008-2010)

- Член на УО на Културно-просветниот Совет на Панчево (2011-2014)

- Координатор на здруженијата за формирање на Сојуз на Асоцијации на припадници на македонското малцинство во Србија (2009 -2010)

- Председател на Здружението на припадници на македонското национално малцинство за Јужнобанатски округ „Вардар„ Панчево, подружница Јабука (2002 до 2004)

- Носител на листата „Македонци заедно„ 2010 и 2014 година за изборите за Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија.

- Идеен творец на концептот „Македонски обединети сили'' –МАКОС

- Автор на Националната стратегија на македонската национална заедница во Р.Србија 2013 - 2023

- Иницијатор, суоснивач и оснивач на голем броја на организации на МНЗ во Р.Србија.

- Учесник, уводничар и предавач на голем број семинари, округли маси и конференции на тема човечки и малцински права во организација на цивилни организации, државни органи на Р.Србија и меѓународни институции.

Награди:

Добитник на повеќе награди и признаниа меѓу кои се и:

Награда за интеркултурален дијалог-Здружение на Евреји и нивни пријатели „Шалом Тора„

Високо признание за изузетен придонес и заслуги на полето на афирмацијата и зачувувањето на правата на македонското национално малцинство во Србија –Награда „Македонско сонце„

Јазици:

Македонски,Српски, Англиски.

Други знаења и вештини:

Работа на рачунар-Microsoft office (Word,Excel,Power Point),Adobe Premier 6.0,QuarkXpress,Corel, Sоund forge, PhotoShop, 3D HomeArhitect, AutoCad.

-Мајстор на борилачки вештини-црни појас

Фамилијарна состојба:

Оженет со Адела Мерча-Величковска, дипломирана пијанистка, професорка по клавир во музичкото училиште „Јован Бандур“ во Панчево. Има три ќерки, Теодора, Елена и Јана Величковска.

Живее и работи во Панчево.

 

 

informator o radu 300x150          licni podaci 181115
ИНФОРMАТОР ЗА РАБОТАTA НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ       БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИЈА  ОД ЈАВЕН ЗНАЧАЈ 
docunstsns       Files Products
ДОКУМЕНТИ И АКТИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ       ДОКУМЕНТИ ЗА ФИНАНСОВО РАБОТЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

dokumenti

      pravne 1400x477
ДОКУМЕНТИ И АКТИ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ       ПРОПИСИ, ЗАКОНИ, СПОГОДБИ, КОНВЕНЦИИ, ОД ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

 


 

 docunstsns

ВАЖНИ ДОКУМЕНТИ И АКТИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

images Решение за упис на Националниот совет на македонското национално малцинство во Регистар за Национални совети
images Одлука за избор на претседател на Националниот совет 
images Решение за доделување на мандати на членовите на Националниот совет

statut

Статут на националниот совет на македонското национално малцинство
images Деловник за работа на националниот совет на македонското национално малцинство
signed document offer clip art f Записници од одржаните седници на Националниот совет
images Извештај за работата на Националниот совет во мандатот 2014 - 2018 година
images

Правилник за постапката на избор и именување на директор и други позиции во Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар’’ д.о.о, Панчево

Анекс на Правилникот за постапката на избор и именување на директор и други позиции во Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар„ Д.О.О. Панчево

ЗАПИСНИК о обављеним разговорима са кандидатима на конкурсу за позицију директора НИУ МИИЦа

Files ProductsДОКУМЕНТИ ЗА ФИНАНСОВО РАБОТЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

images Финансов извештај за 2017 година
 images Ревизорски извештај за финансовото работење на Националниот совет во 2018

 


   dokumentiДОКУМЕНТИ И АКТИ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

images Деловник за работа на Извршниот одбор
images Правилник за одржување на електронски седници на Извршниот одбор
Правилници и критериуми врз основа на кои Извршниот одбор донесува одлуки кои се во негова ингеренција:
images Правилник на критериуми за доделување на награди и признанија од Советот
images Правилник на критериуми за доделување на средства по барањата и молбите упатени до Советот
images Правилник на критериуми за доделување на стипендии
images Правилник на критериуми за доделување на средства врз основа на конкурси на републичките и покраински органи и единиците на локалната самоуправа
images Правилник на критериуми за давање на мислења за избор на членови на Управни одбори, директори и други изборни функции
images Правилник на критериуми за објавувањето и доделување на средства за проекти на Конкурсот на националниот совет

 


pravne 1400x477ПРОПИСИ, ЗАКОНИ, СПОГОДБИ, КОНВЕНЦИИ, ОД ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ

 Републички:

images   Устав на Република Србија
 images Закон за заштита на правата и слободите на националните малцинства
 images Закон за Националните совети на националните малцинства     Преведен на македонски јазик
 images Закон за забрана на дискриминацијата
 images Закон за службена употреба на јазикот
 images Закон за основите на системот на воспитувањето и образованието
 images Закон за учебници
 images Закон за култура
 images Закон за јавно информирање и медиуми
images Закон за слободен пристап до информации од јавен значај
 images Закон за локалната самоуправа
 images Закон за здруженијата
images Одлука за формирање на Советот за националните малцинства
images Уредба за постапката за расподелба на сретствата од Буџетот на Република Србија за финансирањето на Националните совети
 images Заклучок на мерките за зголемување на учеството на припадниците на националните малцинства во органите на државната управа
   

 Покраински:

images  Статут АПВ
images Закон за утврдување на надлежностите на АПВ
images Покраинска одлука на Собранието на АПВ за поблиско уредување на службената употреба на јазикот и писмата на националните малцинства
images Покраинска одлука на Собранието на АПВ за советот за национални заедници
images Одлука за начин и критериуми за распоредување на буџетските средства на Покраинскиот секретаријат за  образование, управа и национални заедници, за Националните совети на националните малцинства

 


 

signed document offer clip art f

Записници од одржаните седници на Националниот совет

images Записник од конститутивната седница, 02 12 2018
 images Записник од I седница, 02 12 2018
   

 

Симбол на Националниот совет на македонската национална заедница е шеснаесетзрачно златно жолто сонце, кое го сочинуваат осум поголеми основни и осум помали споредни сончеви зраци, непосредно поставени околу сончевиот диск. Краевите на основните и споредни сончеви зраци се поставени на истата кружница. Околу сончевиот диск постојат два прстена, а во нив десет плави листови на здравец. 

Asimbol na sovetot

Грбот на Советот е кружниот штит со црвеното поле. Во средината на штитот се наоѓа симболот на Советот, а на краевите е обрубен со златно-жолт прстен. 

Знамето на советот е црвено поле во чија средина се наоѓа симболот на советот. 

Mk-Srb

  

Празници на македонската национална заедница во Србија:

2 август - ИЛИНДЕН

8 септември- Денот на независноста на Р.Македонија

11 октомври - Денот на народното ослободително востание

11 декември - Денот на Националниот совет  

 


На 11 декември 2004-та во Центарот Сава во Белград е формиран првиот Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. 15 дена подоцна, на 26 декември во Панчево се одржа конститутивна седница и  одтогаш, полни десет години Националниот совет на МНЗ без прекин, неуморно работи на заштитата и унапредувањето на индивидуалните и колективните права на македонската национална заедница во Србија.

Со формирањето и зајакнувањето на Националниот совет на македонското национално малцинство, зајакна и невладиниот цивилен сектор. Во текот на изминатите 10 години формирани се 35 здруженија и струковни асоцијации со јасни цели и стратегии кои делуваат во рамките на САМС,чии основач е Националиот совет

Уште еден значаен  настан е запишан со големи букви  во  10 годишната историја на МНС. Тоа е секако, формирањето  на Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“ во чие издание веке 8 години излегува ревијата на македонски јазик „Македонска виделинa'' списанието за култура „Видело'' детската ревија „Ѕуница'' тријазичното списание „Алка'' и  на повеќе десетина книги од македонски и српски автори.

Изминатата декада ја обележа  и Националниот Ансамбл за народни песни и ора „ Тоше Проески“ кој сега функционира како Центар за заштита на традицијата и посебносите на МНЗ, чии настапи на најубав начин го преставуваат богатсвото на македонсакта изворна етно музика.

Македонскиот национален совет својата лепеза како основач ја проширува со нови организации: Форум на млади Македонци, Друштво на интелектуалци Македонци „Лоби Клуб,“ Фондација на македонската култура „Македонско сонце“, Друштво на писатели Македонци во Р. Србија, Друштво на ликовни уметници, Друштво за заштита на обичаи, Централна библиотека на македонски јазик, но се труди да ги помага и организациите со традиција како што е КУД „Васил Хаџиманов„ , кој прослави 50 години од своето постоење. 

Поголемиот дел од организациите се обезбедени со деловен простор, а сите канцеларии на здружениата и на регионалните канцеларии на Националниот совет од Суботица до Врање се опремени со основни срества за работа. Меѓусебната интезивна комуникација и координација со Советот  е олесната преку умрежените телефонски врски.

Во десетгодишниот ангажман на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија несомнен  успех преставува воведувањето на македонскиот јазик и кирилското писмо  во службена употреба, најпрвин во населеното место Јабука а потоа и  во Општина Пландиште. Тоа  е прва локална самоуправа, практично во светот, каде македонскиот јазик е во рамноправна службена употреба, додека во Статутот на  Војводина македонскиот народ е признат  како конституивен народ на покраината, во чии парламент  се виори и  знамето на македонската заедница во Србија.

Ако почетоците на делувањето во областа на културата ја обележаа неколку драмски и рецитаторски секции, КУД „Васил Хаџиманов'' во Јабука и пеачките групи во Јабука,Пландиште и Качарево, денес речиси секоја недела во годината долж цела  Србија се одвиваат разновидни богати програми со кои се промовира и афримира македонската култура. Во последните седум години се негува централната манифестација  „Себеси во поход“, која ги собира најеминентите македонски книжевни и ликовни дејци  од Србија, припадници на мнозинскиот народ и Македонци од Македонија, кои низ форма на поетско-ликовен караван ги посетуваат местата по Србија и ја шират културата на македонскиот народ, но и вербата во заедничкиот соживот. Себе си во поход  е прогласена за манифестација од покраински и државен карактер.

На иницијатива на Националниот совет  Владата на Република Србија  ги призна македонските празници 2 август-Илинден, 8 септември-денот на независноста на Р. Македонија и 26 декември денот на Националниот совет, како празници на македонската заедница во Србија која има  и свои  национални облежја: симбол, грб и знаме.

Македонската заедница во Србија во изминативе 10 години  успешно ги  афирмира и традиционалните културни манифестации како што се  „Денови на македонската култура“ во чест на Св. Кирил и Методии, „Средба на гајдари“, „Василичари„ „Фестивал на песни и ора“  манифестацијата „Гравче на тавче“, квизот „Запознај ја Македонија за да ја сакаш повеќе''  и многу други нови манифестации низ цела Република Србија.

Една од најголемите придобивки  на МНС во изминатиот период е воведувањето на македонскиот јазик во образовниот систем на Србија. Врз основа на стручно подготвените планови и програми  од прво до четврто одделение, наставниот предмет „Македонски јазик со елементи на националната култура веке трета година се предава во ОУ  „Гоце Делчев'' во Јабука, а од неодамна го учат и нашите дечиња во ОУ „Жарко Зрењанин'' во Качарево. Во тек е ангажман на Советот во постапката за воведување   на предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во наставниот процес во местата каде е поголема концентрација на припадниците на македонското национално малцинство и тоа во Глогоњ, Пландиште, Гудурица, Дужине и други места. Букварот за прво одделение е одоборен и испечатен, а експерскиот тим на МНС ги заврши предлозите за учебниците за второ, трето и четврто одделение. Пионирските зафати впрочем започнаа со курсевите за изучување на македонскиот јазик и неговото псимо под името „Добре дојдовте на македонски јазик'' од 7 до 77 години.

Од друга страна високото образование на македонски јазик досега имаа можност да го стекнат преку 100 студенти од Србија кои со посредство на Национаиот совет и Амбасадата на Р.Македонија во Белград го стекнаа правото да  студираат во Македонија како стипендисти на македонската влада.

Во декадата што е зад нас направен е голем продор и во полето на информирањето на македонски јазик. Освен носечката улога на Македонскиот информативен издавачки центар, во известувањето на припадниците на македонската заедница во Србија значајно место завземаат получасовните емисии на македонски јазик „Македонско сонце и Банатско сонце'' кои на програмите на РТВ Војводина и на РТВ Панчево редовно се емитуваат од 2006 година, а од пред две години се реемитуваат на РТВ Ниш. Со финасиска подршка на македонското министерство за надворешни работи проектот  на  здружениеото  Гоце Делчев „Инфомак'' веке 2 години успешно се емитува на програмата на РТВ Врање. Да го споменеме и најновиот успех  емисијата „Добар ден Македонијо'' на брановите на РТВ Лесковац, како и електронското информирање преку интернет страниците и социјалните мрежи.

Во оваа мини ретроспектива успеавме да наведеме само неколку  позначајни резултати од десетодишното делување  на Македонскиот национален совет во Србија .  Повеке и подетално во јубиларната монографија која е во подготовка, а се надеваме дека наскоро светлото на денот ќе го здогледа и документарниот филм по повод овој јубилеј.

Секако новоизбраниот, третиот состав на МНС ја започнува историјата од втората декада на неговото делување во Србија на цврсти темели и со јасни насоки вградени во Националанта стратегија МАКОС 2013- 2023 година, со авторитет на почитувана и одговорна институција чии заслуги во четирите основни законски дејнсоти се препопознати и наградени со највиско признание на Претседателот на Република Македонија „Повелба на републиката.''