Членови на одборот:

Добре Трајковски, претседател

Весна Стојановска, потпретседател

Дарко Ристевски, член

Миле Арсеновски, член

Боро Костадиновски, член

Новица Дукадиновски, член

Цветко Целевски, член

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Членови:

М-р Синиша Новески, претседател

Искра Пенева - потпретседателка

Мирослав Петровиќ-член

Бранко Милошевски -член

Николче Неделковски -член

Зоран Николовски-член

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


План програма на Одборот за култура на Македонскиот национален совет
за периодот од 2015 до 2019 година

Културата како важен сегмент е сушествено значаен во зачувување и презентација на Македонскиот идентитет и традиција. Поради тоа Одборот за култура при Националниот совет треба да биде еден од главните столбови и носител на важните активности на Македонскиот национален совет .Токму затоа планот за програмата на Одборот за култура преставува една флексибилна конструкција на целокупните четири годишни културно-уметнички активности на Македонците на целата територија на Република Србија.

Програмата во соработка на сите здруженија на Македонци во Србија и културните институци во Репубика Македонија и Република Србија секоја година ке се конкретизира и надополнува со конкретни периодични и месечни активности.

Моето долгодоишно емпириско и активно искуство во културата и уметноста и контакти е да го активирам и мотивирам целокупниот културно-уметнички потенцијал на Македонците во Република Србија да се вклучи активно во презентација на Македонската култура и уметност. И овој одбор да биде добар пример на сите одбори за култура на Македонците ширум светот. За тоа е потребно голем патриотизам, ентузијазам, љубов, чесност, квалитет, професионализам, труд и работа , но и материјални средстава кои се многу важни за целосно исполнување на програмата и активностите. Поради тоа главна цел и задача на моето раководење на овој одбор е квалитетно и чесно работење , но и наоѓање на нови побогати извори за финансирање на културата. Главните цели и задачи на Одборот за култура за четири годишното работење се следниве, дел од нив се почнати, но дел треба да бидат од почеток реализирани:

- Отварање на Македонски културно-информативен центар во Белград со помош на органите на Р.Македонија и Р.Србија .Кој ќе има дипломатски статус во склоп на македонското министерство за култура и ќе има свој годишен буџет подржан од Македонската влада, Со свои простори за изложби, и други културни манифестации и годишна програма на која може да конкурират сите Македонски здруженија од Република Србија за целосно финансиско покривање на нивните активности и програми . Со што на тој начин засекогаш би се решил финансискиот и просторниот проблем на Македонската култура во Република Србија. А истовремено да се овозможи доѓање на познати и докажани културно- уметнички дејци и културно -уметнички здрженија и амсанбли од Македонија да се престават во Србија.

- Завод за културно наследство при Националниот совет по примерот на другите национални совети , кои ќе биде финасиски и материјално подржан од Покраинската влада на Војводина и ќе се залага за зачувување на македонското национално културно наследство.

- Барање до Министерството за надворешни работи или министерството за Култура на Македонија за отварање на посебен сектор за Култура на македонските заедници и дијаспора кој ќе има годишен фонд за финансирање на културата .

- Отварање на Фондација за култура подржана од Македонската бизнис заедница и богати и угледни Македонци.

- Формирање на Културно лоби од познати Македонци кои се истакнати во културата и уметноста во Србија и Македонија кои со својот авторитет и име ќе помагат во оставарување на културните активности на Македонците во Република Србија.

- Формирање на годишни награди за култура ( “Свети Кирил и Методиј” и” Свети Климент Охридски “ )на културни уметници заслужни за своето дело и афирамција на македонската култура и уметност во Србија во следниве области:

-за Животно дело

-Ликовна уметност

-Музичка уметност

-Драмска и тетараска уметност и

-Литература

- Формирање на Електронска библиотека со база на податоци на сите културни уметници и здруженија од сите области на културата и уметноста кои живеат и работат во Србија.

- Правење на интеренет страна за Одборот за култура која ќе ги содржи сите информаци за сите културно -уметнички здруженија, уметници, активности и настани за Одборот на култура.

- Подршка, афимрација ,техничка опрема и поголемо финансирање на амсанблот “Тоше Проески “како заштитен културен бренд по примерот на “Танец” од Македонија, а и формирање на други такви амсанбли низ цела Србија .

-Формирање на Македонски театар и Филмски фестивал со Македонски филмови.

- Одржување на Културен хепенинг на Младите Македонци од целиот регион во Србија.

- Изработка на споменици на познати Македонци кои ќе останат траен белег и сеќавање на македонската историја и култура со посебен акцент на изградба на споменик на “Свети Климент Охридски” и скулптура на “Македонија и Србија” како поклон од Македонија за сестринска Србија.

- Барање на стипендии за Македонски студенти од Република Србија за студирање на уметничките факултети во Mакедонија.

-Правење на манифестација за поезијата на која ке учествуват голем број на Македонски поети од целиот свет во еден од градовите во Република Србија.

- Посета на Министерката за култура на Македонија и годишни средби и консултаци со Министерот за култура на Србија.

- Презентација на Македонските културни друштва и културни автори од Србија во соседните земји каде живеат Македонци.

- Правење на ликовна колонија со македонски уметници.

- Донирање на уметнички ликовни дела од ДЛУМС во Националниот совет и создавање на депо и збирка ликовни дела.

- Правење на мрежа од тимови низ цела Србија во секој град да има минимум еден член кој ке биде контакт со Одборот за култура.

За професионално целеосно изведување и реализирање на програмата на Одборот за култура потребна е целосна подршка и обединетост на секоја член од Националниот совет и соработка со другите Одбори од Националниот совет. И постоење на голема флексибилност и прифаќање на секави нови креативни и позитивни идеи. Секако и искористување на добрата соработака и капацитети што ни ги дава Република Србија, што е добра можност и превилегија за оставрување на културбите активности ,а редко ја имат другите Македонски здруженија во светот.

Да не ја заборавиме и Амбасадата на Република Македонија во Белград која треба да биде главен промотор и покровител на сите културно-уметнички активности.

Автор на програмата за Одборот за култура
м-р Синиша Новески

Членови на одборот:                                                                            

Елисавета Стојановска Ивановиќ - претседателка

Маја Станковиќ - потпретседателка

Весна Гавриловиќ - членка

Лилјана Лазаревска - членка

Златко Јанкуловски -член

Васка Черговска - членка

Зорица Лазаревиќ - членка

Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


План и програма на Одборот за информриање на Македонскиот национален совет 
за 2015 /2019 година


Работата и активностите на Одоборот за информриање во нареднитe 4-три години произлегуваат од  Развојната 10 годишна стратегија на МАКОС  и  пред се од  Стратегијата за информриање на Национаиот совет во чија изработка најголем придонес имаше госпоѓа Васка Черговска дкоја го водеше одборот во претходниот мандат.
Со овие  документи  практично се утврдени  среднорочните и дологорочните цели на оваа значајна дејност  во која Националиот совет има децидно наведени надлежности со Законот за национани совети во Република Србија. А тоа се, накратко да потсетам: оснивачкото право регулирано со членот 19 од Законот. Цитирам: Нацаионалниот совет  може, според законскиот утврден начин, самостојно или заедно со други правни лица, да основува установи и стопаснки субјекти кои ке вршат новинско-издавачки и радио-телевизијски денјнсоти, печатење и репрдоукции на снимени медиуми, да ги врши правата и обврските на основувач и учествува во управувањето со установите.
Со одлуката Уставниот суд на Србија пред две години се укинати првите 4 суштински точки од челнот 20 па останатите права на Националните  совети во оваа дејнсот се сведени на сода  на мислења, препораки,, предлози....  Тоа секако ке биде и задолжителен дел од обврските на Одборот за информриање како најмериторно тело на советот во оваа област-да ги следи и проучува измените во легислативата и согласно со нив да информриа , предлага и дава мислење на советот, Така на приемр  кога регионалнито јавен сервис РТВ  Војоводина ке треба да именува  нов одговорен уредник за програмата на јазиците на малцинствата ке треба да бара  мислење од сите национални совети, вклучително  и  од МНС, однонсо од Одборот за информриање. Но, само мислење,
Зошто ги потенцирам овие факти?
Намерата ми е да укажам дека Национаиот совет својата со закон предвидена самоуправа во информриањето на мајчин јазик може и мора да ја остварува преку установите и медиумите чии е основувач или сооснвувач. Овој аспект е многу битен ако се има во предвид дека во јули годинава истекнува рокот за приватизација на сите видови медиуми. Волшебната формула како ке се помират интересите на приватните медиуми кои главно се коемрцијални, со потребите на локаната заедница за  информирање и на малцинските јазизи, за жал  сеуште се бара.
Актуелните и идните транзициони реформи во Србија наметнуваат   нови процеси и станадарди во севкупното опшество па и во  информативната дејнсот на Националните совети , вклучително и на македоснкиот.
Како еден од актерите кој пред 10 години доби задача од тогашното раковдсво на Македонскиот национален совет активно да се вклучи во втемелувањето на инфомирањето на македонски јазик во Србија, можам да констатирам дека од 2006 година  па до денес  оваа дејнсот успешно е етаблирана во информатвиниот простор на Србија.
Редовно од  јуни 2006 година се емитува получасовната емисија на македонски јазик на РТВ Панчево, од декември истата година на втората програма на РТВ Војводина започна со емитирање на  емиси јата „Макеоднско сонце„ а првиот пилот број на „Македонска виделина„ беше издаден есента по повод одбележувањето на 60-ет години од организираното доселување на македонците во Јужен Банат. Со основувањето на  „НИУ МИИЦ„ МНС ги стекна сите законски услови самостојно да ја врши својата новинско-издавачка дејнсот на македонски јазик.
Сите овие тековини во нашето информриање, збогатени со автроскиот  преокт  Инфомак на ТВ Врање , реимитувањето на емсијата Македонско сонце на Нишката телевизија, радиоемсијата на македонски јазик на Втората програма на Радио Војводина, радиската емисја „Добар ден Македонијо„ на РТВ Лексовац како и малдинскиот проект на он лаин  интерент радио, мораме да ги сочуваме  и унапредуваме.
Што е тоа што   Националниот совет  може преку својот одбор за информриање да направи за подобрување на  протокот на информациите и воспсотаввуање поефиаксна комуникација  во дадените актуелни општествени и еконмски услови?
Новата технологија и комункоација налага под инто да ја доработиме  веб страната на МНС. Да иаме квалитетна тријазична веб страна(македонски, српски, англиски) со сите информации, извештаји, прес клипинзи, инфомрации за членовите на советот (секој член да има своја имејл адреса на сајтот) и документи поврзани со советот (одлуки, записници, дописи); креирање на дебатен  форум каде што сите  ке можат да постават тема и да прашаат што ги интересира – двосмерна комуникација; формирање на меилинг листа, на која ќе се праќаат информациите – најави, покани, извештаји (newsletter); покренување на онлајн анкети...виделина да има посебна  fcb страница. Тоа ке овозможи конечно да  се умрежиме и сите информации  да бидат  јавни,  достапни и трансапрентни, да вклучиме што поглем дел од нашите припаднци активно да учествуваат  со свои идеи, сугестии, предлози.
За таа цел, Советот треба да ангажира професионален админстратор кој редовно и квалитетно ке го ажурира веб сајтот на советот со соодветен паричен надомесок. Во суфиансирањето на овој проект треба да се вклучи и Македонската бизнис асоцијација во Србија која ке има можност на многу поширок аудиториум да ги рекламира производите и услугите на своите бизнис членки за што треба да се заклучи партенрски  Договор за соработка.
Една од приоритетните задачи која поризлегува од Стратегијата за информрање е трансфорамција на месечникот „Македонска виделина„ во двонеделно издание.
Тоа ке овозможи нашето единствено печатено информативно-ревијално списание да биде многу поактуелно со своите  теми и содржани за нашите конзументи. Видлеина како единствен авторкси  информативен произовод на македонската заедница во Србија мораме да ја пласираме до сите Македонци запишани во Посебниот избирачки список  за кои веке имаме база на податоци.  Со проширување и зајакнување на редакцијата, намалување на бројот на странците и трошоците на печатењето, можат да се направат и внатрешни заштеди Виделина реално да го зголеми тиражот од 3000 до 5000 примероци. За вака зголемен тираж поглема заинтерисираност ке покажат и македонските бизнисмени од асоцијацијата  за нивно рекламирање. Видлидливоста на Виделина може да се зголеми и со распишување на јавни конкурс и за најубави репортажи или раскази врзаниза Македонија , при што ке се побараат спозори од нашата матица за првите три награди. Овие написи можат двојазично да се објавуваат што ке го прошири аудиотриумот на Виделина и вон македонското говороно подрачје.
Секако многу значаен сегмент  за квалитетно, професионално и објективно информриање е ностиелот на инфомрациите, новинарот.  Во соработка со Форумот на младите Македонци треба да градиме и профилираме новинари кои успешно ке се носат не само со профисијата туку и со специфичните интереси на македоснкото малцинство во Србија. На нашата јавна сцена треба да се изрази пруларизмот и внатре во македонската заедница од кој произлегува општиот интерес и приоритетите на сите три организациони столбови на Македонците во Србија. Одборот ке се залага да им се овозможи на  што поглем број  млади луѓе да учествуваат на струковни  новинарски семинари, обуки и работилници. Во тој контекст предлагам  да се воспостави партнерска соработка со Јавниот сервис на Р. Македонија  која бесплатно би вршела обука на нашите новинари. Тоа ке биде многу позначајна и подолгорочна помош отколку да не снабдува  само со готови емисии и репортажи. За таа цел Одборот треба максимално  да се завземе   конечно да  се потпише  Меморандумот за соработка меѓу РТВ и МРТВ, што секако ке придонесе за поквалитетна и поинтезивна  размена на програмите.

Со цел да се обезбеди подобра комуникација и координација а во согласност со финасиските можности, Одборот да даде инцијатива  еднаш  месечно или  најмногу на три месеци да се  држи своеовиден колегиум на Националниот совет.  Во  него би учествувале првите луѓе на советот и на  петте одбори што ке придонесе за  поефикасна размена на мислењата, согледување на проблемите и заеднички договор  и мобилност за нивно надминување и решавање.  Единствено со тимска и одговорна работа Националниот совет и неговите одбори успешно и квалитетно ке одговорат на сите задачи  и предизвици и на најдобар и најквалитетен  начин   ке ги застапуваат интересите на целата македонска заедница во Србија.

 

 

Членови на одборот:

Маре Каранфиловиќ, претседателка

Љупка Михајловска, потпретседателка

Јована Ступариќ, членка

Светлана Новеска, членка

Благоја Стаменковски, член

Раде Тричковски, член

Горан Пислевиќ, член

Контакт:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


 

S.A.M.S

Цивилниот-невладиниот сектор е отелотворен во Сојуз на Асоцијации на македонците во Србија - САМС и во него членуваат сите цивилни-невладини организации - Здруженија на МНЗ или Струковни организации.

Република Србија е поделена на окрузи и региони. Секој округ има свој административен центар. Доколку се земе в предвид дека од постоечките 178 населени места со статус на локална самоуправа во 174 живеат наши припадници, лесно се воочува илузијата во обидите да имаме организација во секое место, или пак во едно место да имаме повеќе организации.

Во Стратегијата на систематизирање вткаени се постулатите една цивилна организација може да постои на територија на еден округ, со исклучителност на Јужнобанатскиот округ, поради поголема концентрација на припадници на македонската национална заедница (МНЗ) и веќе зацврснати организации, со воспоставен постулат: едно место-една организација и градот Белград, како конгломератен општествен центар. Од ова произлегува дека организации членки на Сојузот можат да се формират, или се веќе формирани во:

1.Јабука-Здружение на МНЗ „Илинден“-Јужнобанатски округ

2.Качарево-Здружение на МНЗ „Вардар-Качарево“-Јужнобанатски округ

3.Глогоњ-Здружение на МНЗ „Герман“-Јужнобанатски округ

4.Панчево-Здружение на МНЗ „Осогово“-Јужнобанатски округ

5.Вршац-Здружение на МНЗ „Вардар-Вршац“-Јужнобанатски округ

6.Пландиште-Здружение на МНЗ „Вардар-Пландиште“-Јужнобанатски округ

7.Суботица-Здружение на МНЗ „Илинден“-Севернобачки округ

8.Зрењанин-Здружение на МНЗ „Св . Климент Охридски“-Средњебанатски округ

9.Нови Сад-Здружение на МНЗ „Св . Кирил и Методиј“-Среднобачки округ

10.Смедерево-Здружение на МНЗ „Горни Полог“-Подунавски округ

11.Краљево-Здружение на МНЗ „Кирил Пејчиновиќ“-Поморавски округ

12.Крагујевац-Здружение на МНЗ „Татковина“-Шумадијски округ

13. Пирот-Здружение на МНЗ „Бели Мугри“-Пиротски округ

14. Лесковац-Здружение на МНЗ „Илинден“-Јабланички округ

15. Врање-Здружение на МНЗ „Гоце Делчев“-Пчински округ

16. Ниш-Здружение на МНЗ „Вардар“-Нишавски округ

17. Белград-Здружение на МНЗ „Македониум“-Град Белград

18. Бор-Здружение на МНЗ Бор-Борски округ

19. Стара Пазова-Здружение на МНЗ „Стара Пазова“

20. Здружение на МНЗ „Даме Груев“-Моравички округ

21. Сомбор-Здружение на МНЗ ,,Пела'' -Севернобанатски округ

22. Пожаревац-Здружение на МНЗ „Мак“-Браничевски округ

Цивилниот невладин сектор мора да биде покриен и со, таканаречени, струковни организации, односно, организации кои се формирани од страна на Советот, со цел анимирање на нашата заедница преку одредени културни, општрствени  области. Во таа насока функционираат:

1. Центар за заштита на традицијата и посебноста на МНЗ во Р . Србија;

2. Форум на млади Македонци;

3. Друштво на писатели припадници на МНЗ;

4. Друштво на ликовни уметници припадници на МНЗ;

5. КУД „Васил Хаџиманов“;

6. Друштво за општествено влијание и афирмација на МНЗ „Лоби клуб“.

 

Покрај наведените функционираат и посебни организации:

Друштво со ограничена одговорност, Новинско издавачка установа„Македонски информативен и издавачки центар“.

Фондација за заштита на македонската култура „Македонско сонце“.

Специјализирани организации:

Централна библиотека на македонски јазик.

Политички организации:

Демократска партија на Македонците.

 

Сите овие организации се под патронат (заштита, помагање и партнерство) на Националниот совет (со своја потполна автохтоност и автономност) и со самото тоа се и дел од општествениот сектор (веќе од порано уредено со акти на правни документи). Покрај ова Советот го покрива и владиниот, односно, државниот сектор бидејќи е државна институција со јавни овластувања и надлежности.