poseta prm zaev

Во рамките на посетата на Република Србија, премиерот на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претставниците на Македонскиот национален совет, како и трите политички партии на Македонците во Србија. На барање на Националниот Совет, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик за учениците од основните училишта во Република Србија, во кои се изучува предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“.

Во рамки на подготовките за вториот саем на националните малцинства ,,Сплотен мозаик на Србија'' претставникот на Канцеларијата за човекови и малцински права Владо Радуловиќ го посети Македонскиот национален совет и се состана со претседателот Борче Величковски и секретарот Зорица Митровиќ.

 sredba 1

Иако во градот Панчево живее голем број на припадници на македонското национално малцинство, од осамостојувaњето на Република Македонија до мај месец оваа година, немаше постојани судски толкувачи за македонски јазик. Пред Покраинскиот секретаријат за прописи, управа и национални малцинства - национални заедници, кое што е надлежно за поставување и водење на регистар на постојани судски толкувачи на подрачјето на АП Војводина, испитот го положија Зорица Лазаревиќ и Јелена Јоновска, кои ги исполнија и сите други потреби услови за стекнување на ова звање и положија заклетва пред претседателот на Вишиот суд во Панчево. Неодамна го посетија Македонскиот национален совет и остварија средба со претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски и секретарот Зорица Митровиќ.

23484518 10214995880789142 1307953027 o

Претседателот на националниот совет на македонксата национална заедница Борче Величковски и директорот на Фондацијата за заштита на македонската култура „Македонско сонце'' Озрен Симјановски оствариа работна средба со Секретарот за образование, прописи, управа и национални заедници на АП Војводина Михаљ Њилаш. На овој состнаок разговарано е на темите на унапредувањето на образованието на припадниците на македонската национална заедница на територија на АП Војводина, но главната тема беше можноста за отварање на Завод за заштита на македонксата култура на македонската национална заедница во Војводина.

Врз основа на членот 38 став 1 точка 12, Извршниот одбор на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија распишува

К О Н К У Р С

За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти и активности на македонските асоцијации во Република Србија за 2018 година