koordinacija

На првата седница на Координацијата на националните малцинства во Србија во 2018-та година, на која што присуствуваше и претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, со помалку невообичаен тек најпрвин беше обработувано прашањето на заедничкиот проект на Министерството за државна управа и локална самоуправа, Центарот за истражување на етницитетот од Белград и Координацијата на националните совети на националните малцинства во Србија под наслов: Делотворна застапеност на националните малцинства во работата на органите во јавната власт и јавните служби.

Клуб књижевника 82

Амбасадорката на Република Македонија Вера Јовановска Типко во белградскиот ,,Клуб на книжевници“ организираше коктел и праштална вечер по повод завршеток на својот четиригодишен мандат.

171218 1

На 18 декември годинава во Палата Србија се одржа шестата по и ред и последната Јавна консултација за нацртот на измените и дополненијата на Законот за Националните совети на Националните малцинства, на која што присуствуваше претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски. 

složni mozaik 5

Канцеларијата за човекови и малцински права на Владата на Република Србија, по повод одбележувањето на 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права, по втор пат оваа година организираше сајам ,,Сплотен мозаик на Србија“ на кој што се претставија националните совет на националните малцинства.

ap 1

На претставувањето на Извештајот за спроведувањето на Акциониот план за националните малцинства за Третиот квартал за 2017, директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ истакна дека Владата на Република Србија е посветена на спроведувањето на сите обврски кои се утврдени со Акциониот план за остварувањето на правата на националните малцинства. На претставувањето присуствуваа претставниците на националните совети на националните малцинства, меѓу кои и секретарот на македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, како и претставниците на Министерствата и други надлежни органи, носители на активностите, покраинските институции, високошколските установи, невладините организации, регулаторни тела и други.