Редовна дејност
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3349
На 08-ми март во просториите на Националниот совет на македонската национална заедница се одржа состанок помеѓу представниците на ОБСЕ во Србија г-ѓа Милица Родиќ и господин Иан Банкрофт со претседателот на Националниот совет Борче Величковски.
Повеќе: Представниците на ОБСЕ во посета на Националниот совет
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3843
На 5 март годинава Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ со своите соработници одржа прв состанок со представниците на Националните совети на националните малцинства во Србија по изборите кои беа одржани на 04 ноември минатата година. На оваа седница присуствуваше претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство Борче Величковски придружуван од членот Озрен Симјановски.
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 4233
Во рамките на проектот „Заговарање на изградување на законодавната рамка на интегративната политика“ , на 5 март 2019 година Форумот за етнички односи во соработка со Фондот на отворено општество, одржа округла маса под наслов „Унапредување на нормативната рамка на интегративната малцинска политика“, вo Meдија центарот во Белград.
Повеќе: Унапредување на нормативната рамка на интегративната малцинска политика
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3166
На 01 март годинава во просториите на националниот совет на македонското национално малцинство во Панчево се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на Националниот совет. На седницата присуствуваа сите новоизбрани членови, Никола Кипровски во функција претседател, Добре Трајковски во функција потпретседател и членовите Озрен Симјановски, Љиљана Најдовска и Ивана Цветковиќ.
Повеќе: ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3140
Воспоставување на нови облици на соработка и унапредување на идната соработка беше тема на состанокот на Заштитникот на граѓаните со представниците на Националните совети на националните малцинства во Република Србија кој се одржа на 18 февруари годинава. На овoj состанок Националниот совет на македонското национално малцинство ги представуваше претседателот на ИО на Советот Никола Кипровски.
Повеќе: СРЕДБА НА ОМБУДСМАНОТ НА Р.СРБИЈА СО НАЦИОНАЛНИТЕ СОВЕТИ