10325730 940060809351681 1018094886482600317 n

На втората редовна седница на третиот мандат на Националниот совет на МНМ во Република Србија, одржана на 31 јануари во Панчево избрани се сите органи и тела со што се створени услови за работа во четирите области за кои е надлежна оваа институција.

5A

Со неофицијалната химна „За многу години Македонци, каде и да сте“, бројната македонска заедница во Србија која, според проценките на ОБСЕ, е над 200.000 лица, претставена преку Националниот совет, ја одбележа 10-годишнинатана своето постоење.

Македонците овде живеат,речиси, во сите 178 општини и беше навистина тешко да се организираме, констатира Јован Радевски, првиот претседател на МНС. Почнавме со 4 здруженија, а денес имаме 35.

 

7 osmi pkrugli sto moskva 587 440 90

Претставничката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ учествуваше во работата на осмата тркалезна маса, на тема ,,Избори за националните совети на националните малцинства 2014 – искуства и понатамошни чекори.'' Собирот беше оддржан на 4 декември во хотелот Москва во Белград.

3

По трет пат Македонците во Република Србија, на конститутивната седница која се одржа на 22 ноември во Панчево, ги потврдија мандатите на23-те члена на Националниот совет и со 14 гласа за, два против и 7 воздржана повторно го избраа Борче Величковски за претседател.

Седницат ји водеше најстариот член на Советот, Стеван Србиновски, а му помагаа најмладите Зорица Митровиќ и Срѓан Илиевски.

На првата редовна седница на НС на МНМ во новиот состав, која се одржа веднаш по конститутивната, усвоен е Деловникот, а се дискутираше и за измените и дополнувањата на Статутот.

prmnsmnm3

Во рамките на официјалната возвратна посета на Република Србија, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов се сретна со претставници на македонската заедница во Република Србија. На средбата беа разменети мислења за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и промовирање на македонскиот јазик, култура и традиција, учеството во општествениот и политичкиот живот.