Насловна
- Детали
- Напишано од МАК-ИНФО
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3877
Претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски учествуваше на тркалезна маса на тема „Измени и дополненија на законот за правата и слободите на националните малцинства во Република Србија'' одржана е во Белград, во рамките на проектот за унапредување и комуникација на малцинските заедници, институции и медиуми во Р.Србија, во организација на Центарот за истражување на миграции, а под покровителство на Фондацијата за отворено друштво.
Повеќе: Тркалезна маса за Законот за правата и слободите на малцинствата
- Детали
- Напишано од МАК-ИНФО
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3732
По повод големиот и државен празник на Р.Македонија, 23 октомври Денот на револуционерната борба на македонскиот народ, во организација на здружението „Илинден'' од Јабука а под покровителство на македонскиот национален совет, се одржа чествување во рамките на кое претставниците на македонските организации и институции положија венци пред споменикот на револуционерот и учителот Гоце Делчев, единствената биста во Србија, која се наоѓа во склоп на ОУ „Гоце Делчев'' во Јабука.
Повеќе: Во Јабука одбележан Денот на револуционерната борба на македонскиот народ
- Детали
- Напишано од Златко Јанкуловски
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 4534
Во просториите на Здружението „Кирил и Методиј„ од Нови Сад беше одржан работен состанок со претставници на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија предводени од претседателот Борче Величковски.
Повеќе: Работен состанок во здружението ,,Кирил и Методиј'' во Нови Сад
- Детали
- Напишано од МАК-ИНФО
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3871
Центарот за регионализам од Нови Сад организираше тркалезна маса, на која што се презентирани резултатите од истражувањето, спроведено во тек на претходните шест месеци во соработка со Канцеларијата за човекови и малцински права, а ги опфаќаат помалку бројните национални заедници: словеначката, грчката, чешката, украинската, русинската, еврејската и германската национална заедница. На тркалезната маса присуствуваа членот на Македонскиот национален совет и претседател на здружението ,,Кирил и Методиј'' од Нови Сад Драгољуб Костовски и активистот на здружението Горан Милошев.
Повеќе: Статусот и отворените прашања на помалку бројните национални заедници
- Детали
- Напишано од МАК-ИНФО
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 3775
По повод големиот и државен празник на Р.Македонија,кој што го слави и македонската национална заедница во Србија како значаен настан од историјата на македонскиот народ 11 октомври Денот на народноослободителната и антифашистичка борба, во организација на Македонскиот национален совет се одржа пригодна свеченост, во рамките на која претставниците на македонските организации и институции положија венци пред бистата на револуционерот и учителот Гоце Делчев во Јабука.
Повеќе: Чествување на 11 октомври - Денот на народно ослободителното востание