9 1

Отварајќи го состанокот по повод претставувањето на Третиот извештај за спроведувањето на Акциониот план за остварувањето на правата на националните малцинства за првиот квартал на 2017 година, директорката на владината Канцеларија за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ истакна дека Канцеларијата продолжи со унапредувањето на системот за известувањето на спроведување на Акциониот план. На состанокот присуствуваа претставници на националните совети на националните малцинства, претставници од државните органи и институции кои известуваат за спроведувањето на овој план, а по прв пат во процесот се вклучени и единиците на локалните самоуправи и советите за меѓунационални односи. Испред Македонскиот национален совет на состанокот присуствуваше секретарот Зорица Митровиќ. 

mduls3

На редовната седница на Советот на Република Србија за националните малцинства, одржана  на 23 мај во палатата Србија, Министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ, која претседаваше со седницата, истакна дека по 15 години повторно е активиран Буџетскиот фонд за националните малцинства од буџетот на Министерството за државна управа и локална самоуправа во износ од 1.800.000 динари, наменети за финансирање на проекти во областа на информирањето.

2017 05 12 Sjednica koordinacije 10

Во рамките на одбележувањето на 11 мај, Денот на бошњачкото национално знаме, во Нови Пазар беше организирана  и пленарна седница на Координацијата на националните совети на националните малцинства која беше посветена на работата на овој орган во претходниот период, како и дефинирање и разгледување на плановите за наредниот период. На седницата учествуваа претставниците од македонскиот национален совет секретарот Зорица Митровиќ и потпретседателот на Извршниот одбор Никола Кипровски.

IMG 20170505 145304

Во согласност со Програмата за работа на Организацијата на резервни офицери на Република Македонија, членовите на Извршниот одбор предводени од претседателот, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, остварија тридневна посета на Република Србија, во рамките на која го посетија Македонскиот национален совет во Панчево, како и здруженијата во Јабука и Качарево. Делегацијата ја пречека претседателот на Националниот совет Борче Величковски и во двочасовен разговор ги информира гостите за основите на дејствувањето на МНЗ во Р.Србија во претходната година. Се зазеде став да се интензивира соработката на оваа оргнаизација, која што според членството е најбројна, најголема и најуспешна организација во Македонија, со слични организации во Р.Србија со посредство на Националниот совет.

18275095 1674815052542916 1930055448882510546 n

Здружението „ Илинден-Јабука“ во соработка со ОУ „Гоце Делчев“,под покровителство на Националниот совет на МНЗ, на 4 мај, со полагање на цвеќе и пригодна културно-уметничка програма,одбележа 114 години од загинувањето на Гоце Делчев.

Пред бистата на најголемиот револуционер од македонската историја, чие име го носи училиштето во Јабука се поклонија и свежо цвеќе положија претставници од македонската амбасада во Белград, претставници од МЗ Јабука,  НС на МНЗ, НИУ „МИИЦ“, здруженијата „Македониум“ од Белград, Вардар-Качарево“, „Илинден-Јабука“, вработените во училиштето и жителите на Јабука.