4

Амбасадорката на Република Македонија во Србија Вера Јовановска Типко и градоначалникот на Панчево Саша Павлов, свечено ги отворија новите два објекта во Јабука - летната бина и пешачката патека, кои што се наоѓаат пред училиштето ,,Гоце Делчев.'' Овие објекти се плод на заеднички активности на здружението Илинден од Јабука и Месната заедница Јабука, финансирани од компанијата НИС со логистичка подршка намакедонскиот национален совет и градот Панчево.

kljmp obuka

Дводневните обуки за претставниците на националните совети на националните малцинства се дел од активностите на Владата на Република Србија насочени кон оснажувањето на капацитетите на националните совети и ваквите обуки се спроведуваат континуирано - истакна директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ. Целта на овие обуки, на кој што учествуваше и  секретарот на македонскиот национален совет Зорица Митровиќ е претставниците на националните совети да се запознаат со принципите на добро управување, програмското планирање, буџетирање и известување за трошење на средствата, од аспект на зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работата на нациоанлните совети, посебно во рамките на употреба на средствата добиени од буџетот на Република Србија.

IMG 0009

На повик на Покраинскиот секретар за образование, прописи, управа и национални малцинства Михаљ Њилаш, во Собранието на АП Војводина во Нови Сад одржан е состанок на кои претставниците на наицоналните совети ги претставија плановите и програмите за работа во 2017 година, планирани врз основ на средствата добиени од овој секретаријат. Планот и програмата на македонскиот национален совет је претстави секретарот Зорица Митровиќ, а на состанокот беше присутен и потпретседателот на Извршниот одбор Никола Кипровски.

poseta kacarevo

Во рамки на досегашната воспоставена пракса претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски, придружуван од членот на Советот Симо Најдовски кој е воедно и претседател на Здружението на граѓани припадници на македонската национална заедница „Вардар'' од Качарево и директорката на Центарот за заштита и посебност на македонскта култура „Тоше Проески'' Љиљана Најдовска оствари работна посета на Качарево со директорот на Домот на културата „Братство и единство„ г-дин Зоран Марковиќ, кој мандатно ја претставуваше и МЗ Качарево и директорката на ОУ „Жарко Зрењанин„ г-ѓа Слободанка Ѓукиќ. 

Vita 02

Претседателите и претставниците на 14 Нациоанални совети на националните малцинства со седиште во Војводина, со потпретседателот на покраинската влада, покраинскиот секретар за обраование, прописи, управа и националните малцинства Михаљ Њилаш, потпишаа договори за додела на средства за финансирање на редовните и развојни дејности за 2017 година.