Редовна дејност
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 10224
На 07 јуни 2019 година претседателот на општината Пландиште г-дин Јован Репац со своите соработници Горан Доневски, заменик на претседател на општината, Ендре Сабо, претседател на Собранието на општината и Влада Младеновиќ, заменик на претседател на Собранието на општината, беа домаќин на претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски, претседателот на Извршниот одбор на Советот и претседателот на Здружението на граѓани припадници на македонската национална заедница „Вардар" Пландиште Никола Кипровски и првиот секретар на македонската Амбасада во Србија Марјан Јовановски.
Повеќе: Претседателот на Македонскиот национален совет во посета на Пландиште
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 8785
На 05 јуни 2019 година претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски придружуван од страна на секретарот и програмскиот координатор на Националниот совет Зорица Митровиќ и финансовиот советник Јелена Јаќимовска оствариа состанок со представнички на Канцеларијата за човекови и малцински права задолжени за следење на финансовото работење на Националните совети на националните малцинства во Србија.
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 12609
Од почетокот на годината припадниците на националните малцинства имаат можност својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените. Тоа им го овозможија Измените и дополненијата на Законот за матичните книги. Уписот на податоците е доброволен, а покрај националната припадност оние кои сакаат ќе можат во матичната книга на родените да упишат и промена на полот.
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 7231
На 30 мај 2019 година во просториите на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, во Панчево беше одржан работен состанок со претставниците на КУД „ Васил Хаџиманов" во состав Милорад Младеновски претседател на КУД-от и Марјанов Снежана кореограф на Куд-от со претседателот на Националниот совет Борче Величковски.
Повеќе: Претставници на КУД ,, Васил Хаџиманов" во посета на Националниот совет
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 7615
На 29 мај 2019 година новото раководство на здружението на граѓани припадници на македонското национално малцинство за Севернобачки округ „Илинден” од Суботица, предводени од новоизбраниот претседател на Здружението Дејан Анѓеловиќ, го посетиа Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. Гостите ги пречека претседателот на Советот Борче Величковски а на состанокот присуствуваше и првиот секретар на македонската Амбасада во Србија Марјан Јовановски.
Повеќе: Посета на ,, Илинден ” Суботица на Националниот совет