Редовна дејност
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 9409
Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија распишува
К О Н К У Р С
За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти, активностии редовни дејности на македонските организации во Република Србија за 2021 година, во следните области:
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 8024
Почитувани припадници на македонската национална заедница во Србија,
Земајќи ја впредвид актуелната кризна состојба во борбата со Корона вирусот, во која се наоѓа севкупната светска популација, а со самото тоа и Република Србија, како и напорите и напаствијата на надлежните органи и прогласената вондредна состојба во Србија, би сакал да ве известам дека е потребно да ги одложите сите планирани активности во наредниот период, како и да го ограничите вашето движење на најмала и најнеопходна мерка, односно да се придржувате и да ги почитувате мерките кои ги пропишуваат надлежните. Доколку имате било каква потреба бројот на претседателот и секретарот на Советот ви се на располагање. Ве молам за овој допис по пат на маил, преку смс или телефонски да ги известите и членовите на вашите организации.
Истовремено ве известувам дека канцеларијата на Националниот совет нема да работи во наредниот период, односно раководството на Советот активностите ќе ги спроведуваат од дома по пат на електронска или телефонска коренспонденција. Итните и неодложните работи (преглед или експедиција на пошта која доаѓа по пат на тврда копија и др.) ќе ги спроведува претседателот на Советот.
Со желба за поскорашно решавање на оваа криза ви посакувам добро здравје и успех во наредниот период,
Борче Величковски
претседател на Советот
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 11697
Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија свечено го одбележа 8 септември, Денот на независноста во Педагoшкиот музеј во Белград. Многубројните гости ги поздравија претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, македонскиот амбасадор во Белград Александар Поповски и директорот на музејот Слободан Вуксановиќ.
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 14532
Единаесеттиот по ред извештај за спроведување на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, претставен е во Палатата Србија, на состанок на кој што присуствуваа претставници на националните совети, државните и покраински органи и институции, независни тела, меѓународни и организации од цивилното општество. Македонскиот национален совет го претставуваше Зорица Митровиќ, секретар на Советот.
КОНФЕРЕНЦИЈА „СТАТУС И ПОЛОЖБА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ СО РАСПАДОТ НА СФРJ“
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 13198
На 18 јуни во Нови Сад во организација на Центарот за регионализам а со подршка на Ханс Сејдл фондацијата беше организирана конференција на тема „Статус и положба на националните малцинства во државите настанати со распаднувањето на СФРЈ“. На оваа конференција учество зедоа врвни стручњаци од шесте држави кои настанаа со распаѓањето на бившата СФРЈ.