Kacarevo 3

На 22 јун во вечерните часови во Качарево со нова детска театарска представа „Весела училница„ се представи младата драмско-театарска група „Видоје Дојчиновски-Даскалот„. Оваа група формирана од најмладите припадници на македонската национална заедница од кои одреден број го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ во Основното училиште „Жарко Зрењанин„ во Качарево под водство на Љиљана Најдовска и Александра Милопевска покажаа дека иако младоформирана аматерска група ги поставуваат новите стандарди на работењето и понатамошните активности на заштитата на националниот идентитет, културата, јазикот и традицијата на македонскиот народ на овие простори.

 

poseta plandiste 4

Заедно со претседателот на Македонскиот национале совет Борче Величковски и Зорица Митровиќ секретар на советот, општината Пландиште ја посети и Васко Грков вд амбасадор на Р.Македонија во Србија. Гостите званично ги прими заменик на претседателот на Собранието на општината Пландиште Владан Младеновиќ, заедно со Мирослав Петровиќ директорот на Културниот центар ,,Вук Караџиќ'' и претставниците на здружението ,,Вардар Пландиште'' Никола Кипровски и Боро Костадиновски. Во разговорот е претставена општината Пландиште, во која се 5 јазици во службена употреба, од кои еден е и македонскиот и по тоа е единствена општина во светот.Повод за посетата беше обезбедување на учебници за учениците кои од второто полугодие на школската 2017/2018 година го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура, како изборен предмет.

IMG 20180124 131826 1

Претседателот на македонскиот национален совет Борче Величковски оствари состанок со директорот на издавачкиот сектор на Заводот за учебници др Милорад Марјановиќ, во просториите на советот во Панчево.

svetski dan deteta

Националниот совет на македонското национално малцинство го одбележа Светскиот ден на детето 20 ноември, со учениците од сите основни училишта во кои што се учи Македонскиот јазик со елементите на националната култура, со приредби и работилници во Панчево и Лесковац.

3b7915fe542ab6deb4816e3f09278d8d L

Претставниците од Македонскиот национален совет предводени од претседателот Борче Величковски, го посетија основното училиште ,,Моше Пијаде'' во Гудурица и во таа прилика на учениците кои го учат Македонскиот јазик со елементите на националната култура им подарија учебници за овој предмет, како и списанието за деца на македонски јазик ,,Ѕуница.''