Upis na fakultete

Министерството за образование и наука распишува Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија за студиската 2019/2020 година.

Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција), согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.

Podela vaučera 1

На 13 и 14 јуни 2019 година Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија подели ваучери, веднаш претворени во училишен прибор, за тековната училишна година на учениците кои го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура„ во Лесковац и училиштата во населените места крај Лесковац.

Leskovac 1

Со свечена академија одбележана е 09 05 2019 година, 109-годишнина од  постоењето и работа на ОУ „Милутин Смиjковиќ“ во Винарац. На церемонијата присуствуваа градоначалникот на Лесковац, др Горан Цветановиќ и неговите соработници, Велимир Смилевски, градоначалник на Бутел, претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски, како и директорот и професорите на Основното училиште „Климент Охридски“ со кое  што е ова училиште збратимени.

Гудурица слика 3

На 6-ти март 2019 година во основното училиште „Моша Пијаде„ во Гудурица се одржа програма по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик. 

Obrazovanje slika 2 

 

 

Министерството за образование, наука и технолошки развој ќе спроведе обука со цел подобрување на јазичните компетенции на наставниците на јазиците на националните малцинства кои спроведуваат севкупна настава на својот мајчин јазик, рече на состанокот државниот секретар на министерството за образование Анамарија Вичек. Националниот совет на македонското национално малцинство го представуваше председателот Борче Величковски.