eksperti EU jezici

Во рамките на евалуацијата на степенот на остварените права на македонската национална заедница во Србија согледан врз четвртиот извештајот на Р.Србија за имплементацијата на Европската повелба за малцинските односно регионалните јазици, претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски беше гостин во канцеларијата на Советот на Европа во Белград, каде во отворен разговор со членовите на независниот комитет на експертите на Советот на Европа во состав Јорг Хорн, Стефан Оутер, Дитер Халвас и проф. Ранко Бугарски, имаше прилика да ја информира највисоката европска институција за степенот на остварените права на македонската национална заедница во Србија.