Blog NSMNZ

Темите во рамките на блогот се поделени во 4 области:

1.      ПОЛИТИКА

        Политичките состојби и предизвици во Република Србија и Република Македонија

2.     МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА

        Состојбата и предизвиците во остварувањето на малцинските права во Република Србија 

3.     КУЛТУРА И ИНФОРМИРАЊЕ

         Состојбите, предизвиците, остварување на правата, афирмација

4.      Македонците во Србија – автори припадници на македонската национална заедница во Србија од различни области.

Текстовите се објавуваат во форма на колумна и потребно е да содржат од 600-800 збора, фонт 12, times new roman, проред 1,5, на македонски или српски јазик.

Текстовите се пуштаат до уредникот на блогот на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 15 во месецот.

Заинтересираните за учество во работата на блогот, треба најпрвин да испратат своја кратка биографија и една фотографија на гореспомнатиот меил.

Блогот званично започнува со работа на 1 јуни 2016 година. Пред крај на годината ќе биде испечатен и тематски зборник, со избрани текстови. Тенденција е два пати годишно да се печатат вакви зборници и да се промовираат во присуство на авторите.

Автор и уредник на Блогот:

DSC 0991

Mитко Арнаудов е докторант на Универзитетот во Белград – Факултет за политички науки. Основните и мастер студии исто така ги има завршено на споменатиот Универзитет, со одбрана на мастер тезата на тема „Геостратегиската позиција на Република Македонија во меѓународните односи од 1992 до 2012 година“. Академски области од интересување му се регионот на западен Балкан, регионалната интеграција помеѓу државите на просторите на поранешната југословенска федерација, нивната европска и евро-атлантска интеграција, со посебен акцент кон македонската држава. Има земено учество на бројни меѓународни, регионални и национални конференции, академски дебати и летни школи. Од 2012 година до 2014 година работел како асистент-соработник на Факултет за политички науки на државниот Универзитет во Белград. Од месец мај 2016 година ангажиран е во својство на стажист-истражувач на Институтот за меѓународна политика и економија во Белград. Член е на Форумот на млади Македонци и здружението Македониум во Белград.


 

Националниот совет на македонската национална заедница не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните во рамките на блогот.

Националниот совет на македонската национална заедница не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните во рамките на блогот.