Насловна
КОНКУРС НСМНМ за 2021
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 19207
Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија распишува
К О Н К У Р С
За доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти, активностии редовни дејности на македонските организации во Република Србија за 2021 година, во следните области:
Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република С.Македонија за студиската 2020/2021 година
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Образование
- Посети: 19696
Министерството за образование и наука распишува Kонкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република С.Македонија за студиската 2020/2021 година.
Се доделуваат 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република С.Македонија, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.
Прогласена вонредна состојба во Република Србија
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 15918
Почитувани припадници на македонската национална заедница во Србија,
Земајќи ја впредвид актуелната кризна состојба во борбата со Корона вирусот, во која се наоѓа севкупната светска популација, а со самото тоа и Република Србија, како и напорите и напаствијата на надлежните органи и прогласената вондредна состојба во Србија, би сакал да ве известам дека е потребно да ги одложите сите планирани активности во наредниот период, како и да го ограничите вашето движење на најмала и најнеопходна мерка, односно да се придржувате и да ги почитувате мерките кои ги пропишуваат надлежните. Доколку имате било каква потреба бројот на претседателот и секретарот на Советот ви се на располагање. Ве молам за овој допис по пат на маил, преку смс или телефонски да ги известите и членовите на вашите организации.
Истовремено ве известувам дека канцеларијата на Националниот совет нема да работи во наредниот период, односно раководството на Советот активностите ќе ги спроведуваат од дома по пат на електронска или телефонска коренспонденција. Итните и неодложните работи (преглед или експедиција на пошта која доаѓа по пат на тврда копија и др.) ќе ги спроведува претседателот на Советот.
Со желба за поскорашно решавање на оваа криза ви посакувам добро здравје и успех во наредниот период,
Борче Величковски
претседател на Советот
КОНКУРС ЗА ДИРЕКТОР НА НИУ МИИЦ
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Информирање
- Посети: 14997
Врз основ на Правилникот за постатката за избор и именување на директорот и другите функции во Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар'', претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија распишува:
КОНКУРС
за работното место: директор на Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар''
Одбележување на 8 септември
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 21402
Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија свечено го одбележа 8 септември, Денот на независноста во Педагoшкиот музеј во Белград. Многубројните гости ги поздравија претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, македонскиот амбасадор во Белград Александар Поповски и директорот на музејот Слободан Вуксановиќ.