Насловна
,,СОБИР НА ГАЈДАЏИИ“ ПО ТРИНАЕСТИ ПАТ ВО КАЧАРЕВО
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Култура
- Посети: 14431
Традиционалната манифестација ,,Собир на гајдаџии“ одржана е по 13 пат во Качарево, во организација на здружението ,,Вардар“. Гајдаџиите од цела Србија и од Македонија настапија во прекрасно уредениот амбиент на регионалната канцеларија на Македонскиот национален совет во Качарево. Манифестацијата свечено ја отворија Љиљана Најдовска во име на организаторот и претседателот на Националниот совет Борче Величковски.
Континуирана и доследна работа на спроведувањето на мерките за унапредување на малцинските права
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 22901
Единаесеттиот по ред извештај за спроведување на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, претставен е во Палатата Србија, на состанок на кој што присуствуваа претставници на националните совети, државните и покраински органи и институции, независни тела, меѓународни и организации од цивилното општество. Македонскиот национален совет го претставуваше Зорица Митровиќ, секретар на Советот.
Традиционално одбележен Илинден во Јабука
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Култура
- Посети: 15598
Како и секоја година во Јабука, македонската заедница го одбележа најголемиот македонски празник Илинден. 116 години од Илинденското востание во Крушево и 75 години од кога во манастирот ,,Прохор Пчињски“ се одржа првото заседание на АСНОМ (Антифашистишко собрание на народното ослободување на Македонија), одвележано е со пригодна програма.
Зелник Фест Качарево
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Култура
- Посети: 14987
На 22 јуни годинава во Качарево во организација на здружението на граѓани припадници на македонското национално малцинство „Вардар“ од Качарево се одржа традиционалната манифестација „Зелник фест“ . Манифестацијата ја отвори претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски.
КОНФЕРЕНЦИЈА „СТАТУС И ПОЛОЖБА НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ СО РАСПАДОТ НА СФРJ“
- Детали
- Напишано од Админ
- Категорија: Редовна дејност
- Посети: 21111
На 18 јуни во Нови Сад во организација на Центарот за регионализам а со подршка на Ханс Сејдл фондацијата беше организирана конференција на тема „Статус и положба на националните малцинства во државите настанати со распаднувањето на СФРЈ“. На оваа конференција учество зедоа врвни стручњаци од шесте држави кои настанаа со распаѓањето на бившата СФРЈ.