Kанцеларијата за човековите и малцински права оддржа прв работен состанок со претставниците на новоизбраните национални совети на националните малцинства. Темата на состанокот беше распоредување на средствата од буџетот на Република Србија за финансирање на работата за националниоте совети на националните малцинства за 2015 година. Македонскиот национален совет го претставуваа претседателот Борче Величковски и портпаролот Зорица Митровиќ. На состанокот беа присутни и претставниците Мисијата на ОБСЕ во Белград.

kzljmp1

Во своето воведно обраќање Сузана Пауновиќ, директорка на Канцеларијата за човечки и малцински права ги поздрави сите присутни и им честита за остварените резултати на изборите во 2014 година како и за успешното конституирање на националните совети, со надеж дека наредниот временски период ќе биде одбележан со меѓусебна соработка, што е заедничка цел на овие институции. Таа изнесе информации поврзани со финансирање на работата на националните совети во 2015 година, истакнувајќи дека од буџетот за оваа година се издвојуваат средства во износ од 245 милиони динари, што е за 2,08% повеќе од претходната година (240 милиони динари). Посебно нагласи дека и покрај рестриктивниот буџет на Република Србија за оваа година се издвоени повеќе средства за финансирање на националните совети на националните малцинства, од претходната година.  Со оглед на фактот дека на минатите избори свој национален совет доби и  црногорското национално малцинство, поголем дел од националните совети годинава ќе располагаат со помали буџети, а зголемување на буџетот има само кај 6 национални совети, меѓу кои и кај националниот совет на Македонците.

Jan Lueneburg, шефот на одделението за демократизација на мисијата ОБСЕ во Белград, ги пофали напорите на Канцеларијата за човекови и малцински права, што со конструктивен дијалог и на транспарентен начин ја претставува постапката на извршеното распоредување на средствата од државниот буџет наменети за работата на националните совети.

Потоа се отвори интензивна дискусија, во која присутните претставници ги изнесуваа својте совети, сугестии и забелешки и со поставување на прашања добија нови сознанија и релевантни информации кои во наредниот период ќе имаат влијание на работата и функционирањето на националните совети. Претставниците на националните совети истакнаа дека овој начин на комуникација за теми кои се од големo значeње за работата на националните совети треба да стане пракса во соработка и со другите државни органи.