Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 4723

Советот за националните малцинства го усвои предлогот  културата да стане приоритетна област за финансирање на програми и проекти од буџетскиот фонд за националните малцинства во 2019 година. Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, кој е и заменик претседатела на Советот за националните малцинства, посочи дека 30 милиони динари се определени во Буџетскиот фонд за националните малцинства оваа година.

Ружиќ 2

,, Целта е да се подобрат културните активности на националните малцинства во Србија преку финансирање на проекти", рече Ружиќ.

Ружиќ 1

Премиерката Ана Брнабиќ, која ја водеше седницата, истакна дека Владата на Србија континуирано работи на подобрување на положбата на припадниците  на националните малцинства и додаде дека работата на Советот за националните малцинства е потврда за посветеност на темата. Брнабиќ истакна дека бројните активности на владата и другите институции, медиуми,  граѓански организации придонеле за подигање на свеста на граѓаните за присуството на припадниците на националните малцинства во нашата земја  и нивните права, како и за подобро спроведување на законодавството против дискриминација.Премиерката изјави дека во периодот помеѓу двете седници на Советот, донесени се измени и дополненија на прописите со кои се уредуваат правата на националните малцинства, пред се на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства, Законот за националните совети на националните малцинства, Законот за службена употреба на јазикот и писмото , Законот за граѓански регистри и Законот за локална самоуправа.

Ружиќ 3

На изборите од 4 ноември минатата година, припадниците на националните малцинства избраа 22 националните совети. По успешните избори, беа конституирани сите национални совети, а покрај постојните досегашните национални совети, беа формирани и два нови, имено Полскиот национален совет и Рускиот национален совет.