Sastanak Ružić 2

На 5 март годинава Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ со своите соработници одржа прв состанок со представниците на Националните совети на националните малцинства во Србија по изборите кои беа одржани на 04 ноември минатата година. На оваа седница присуствуваше претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство Борче Величковски придружуван од членот Озрен Симјановски. 

На овој состанок Министерот Ружиќ истакна дека Фондот за националните малцинства ќе изнесува 30 милиони динари што е зголемување за 37,6% во однос на минатата година.Тој истакна дека од овој фонд во изминатата година се финансирани 77 организации во износ од 21,8 милиони динари за области од делокругот на заштитата на малцинските права.

Посебен осврт министерот направи на измените на малцинските закони како и на успешно спроведените избори за Националните совети на националните малцинства. Тој го честиташе изборот на претседателите на Советите и подсети дека сега постојат уште два нова совет, рускиот и полскиот.

Министерот истакна дека со новите закони целта беше да се обезбеди јавност во работата, како и транспарентност во трошењето на средствата кои ги добиваат Националните совети.

Sastanak Ružić

На овој состанок е истакнато дека целокупната популација во Србија е сочинета и од 13%  кои се припадници на малцинствата а околу пола милион се запишани во посебниот избирачки список. Борче Величковски замоли да се одржии одделен состанок на кој сите национални совети ќе можат да постават соодветни прашања со цел да ги спроведат законските решениа, особено во делот на трошењето на средствата, со јасна слика и јасно растумачени правила. Од страна на Министерството овој предлог е усвоен како конструктивен и добар предлог и истиот ќе се спроведе во наредниот период.