Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 3904

На 08-ми март во просториите на Националниот совет на македонската национална заедница  се одржа состанок помеѓу представниците на ОБСЕ во Србија г-ѓа Милица Родиќ и  господин Иан Банкрофт со претседателот на Националниот совет Борче Величковски. 

OEBS

На состанокот присуствуваа и Зорица Митровиќ секретар и програмски координатор на Советот и Јелена Јаќимовска финансов советник. Претседателот Величковски ги информираше представниците на ОБСЕ за Србија за досегашните активности на Советот во областите на образованието, информирањето, културата и службената употреба на јазикот и писмото, но и за воочените проблеми со кои Советот се соочува, особено после промените во најновиот закон за Националните совети.

Овој формат на состаноци помеѓу Националниот совет и ОБСЕ е веќе редовен и традиционален и ќе продолжи во наредниот период.