Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 3666

На 01 март годинава во просториите на националниот совет на македонското национално малцинство во Панчево се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на Националниот совет. На седницата присуствуваа сите новоизбрани членови, Никола Кипровски во функција претседател, Добре Трајковски во функција потпретседател и членовите Озрен Симјановски, Љиљана Најдовска и Ивана Цветковиќ.

Izvršni odbor 2

На седницата се разгледувани актите и правилниците за работа на ИО и е одлучено истите да ги разгледа работна група во состав Никола Кипровски, Озрен Симјановски и Пеце Ристески кои во координација со претседателот на Националниот совет Борче Величковски кој присуствуваше на седницата, ќе ги направат усогласувањата со новите законски нормативи. Покрај другите редовни теми на седницата се донесоа и одлука за доделување на средства по пристигнатите апликации на Конкурсот на Националниот совет на македонското национално малцинство. 

Резултатите по овој конкурс ќе бидат објавени веднаш по определувањето на средствата за работа на Националниот совет од страна на Р.Србија и АП Војводина.