На 22 март 2019 година во просториите на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија се одржа редовна седница на Управниот одбор на Новинско-издавачката установа „Mакедонски информативен и издавачки центар Д.О.О Панчево. 

 На седницата беше поднесен финансов и наративен извештај за работа на оваа установа во 2018 година од страна на директорот Виктор Шеќеровски, а беа усвони и планови и програми и финансов план за работа на НИУ „МИИЦ за 2019 година. На седницата присаствуваа Иван Митровски како претседател на УО На НИУ „МИИЦ , Сања Арсовска, секретар на НИУ „МИИЦ, Радомир Андриќ член на УО, Маре Каранфиловиќ член на УО, како и новокооптираните членови Озрен Симјановски и Игор Андонов. Како представник на оснивачот Националниот совет на македонското национално малцинство присуствуваше претседателот на Советот Борче Величковски. 

UO NIUMIIC

По работниот дел на седницата беше уприличен коктел-ручок на членовите на УО на НИУ „МИИЦ„.