Печати
Категорија: Редовна дејност
Посети: 3616

Воспоставување на нови облици на соработка и унапредување на идната соработка беше тема на состанокот на Заштитникот на граѓаните со представниците на Националните совети на националните малцинства во Република Србија кој се одржа на 18 февруари годинава. На овoj состанок Националниот совет на македонското национално малцинство ги представуваше претседателот на ИО на Советот Никола Кипровски.

На состанокот беа разгледувани прашања на кој начин и како може оваа институција да помигне во работата на Националните совети, бидејќи, како е нагласено, заштитата на правата на националните малцинства во Србија е високо поставена во агендата на оваа институција. Состанокот со републичкиот омбудсман Зоран Пашалиќ со представниците на Националните совети на националните малцинства е прв од формирањето на новиот созив на Националните совети кои се одржаа на 04 ноември минатата година.

Ombudsman Republika Srbija

Представниците на Националните совети наведоа дека имаат одлична соработка и поуздан партнер во институцијата Заштитник на граѓаните во рамките на заштитата на правата на националните малцинства во Србија,но спомнато е дека и некој проблеми се уште постојат , акако што се набавка на учебници на мајчин јазик, опстанување на медиумите на мајчин јазик, несразменро вработување на припадниците на националните малцинства во државните институции и установи и друго.

Републичкиот омбудсман во оваа прилика ги информира представниците на националните малцинства за досегашните активности и потпишаните спогодби со омбудсманите од регионот кои ќе помогнат во понатамошната соработка. Тој најави нов проект по кој ќе се утврди колкав е придонесот на националните малцинства во развојот на државата и низ историјскиот контекст пред се во културниот домен. Постигнат е договор ваквите состаноци да се одржуваат секој три месеци.

По овој состанок е одржана и седница на Координацијата на Националните совети на националните малцинства во Србија на која, покрај други прашања,  е одлучено во 2019 година и понатаму на чело на Координацијата да биде Националниоит совет на Унгарското национално малцинство.