На 19 мај 2019 година во Јабука во организација на Месната заедница Јабука беше уприличен традиционален заеднички пролетен ручок на сите организации кои работат и дејствуваат на територија на местото Јабука. 

Prolećni ručak 2

Оваа традиционална манифестација има за цел зближување, сподобрување на заедничката соработка и меѓусебна толеранција и помагање на сите организации кои имаат седиште во јабука без оглед на кој начин и во која област се регистрирани. На оваа манифестација свое учество зеде и здружението на граѓани припадници на македонското национално малцинство „Илинден“ од Jабука а гостин на здружението и Месната заедница Jабука беше и претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија Борче Величковски.