Одржана седница на координацијата на националните совети

ГЛАВНА ТЕМА: ПОПИС 2022 ГОДИНА

Во изработка заедничка платформа на малцинствата

Нешто пред објавување на овој број на неделникот Панчевац, се одржа онлине седница на Координацијата на Националните совети на националните малцинства во Србија. Главната тема на оваа седница со која председаваше Борче Величковски председател на Националниот совет на македонското национално малцинство, беше Пописот на жителите и имотот во Србија, кој се планира за наредната година.

Ќе подсетиме дека Република Србија во согласност со досегашната пракса и законските акти, требаше да го организира Пописот на жителите и имотот во оваа година но порадиПандемијата на коронавирусот и високите бројки на заболените се донесе одлука оваа активност да се одложи за октомври наредната година.

Во таа насока сите дотогаш започнати активности како на државата, така и на Националните совети на националните малцинства, сублимирани како заеднички ставови преку Координацијата на Советите, привремено беа замрзнати. Деновиве оваа тема повторное актуелизирана, а процесите на подготовките за Пописот се продолжија.

На одржаната седниа, председавачот на Координацијата Величковски ги информираше своите колеги, председатели на Националните совеи на националните малцинства дека процесот на печатење на пописните ливчиња е во привремен застој, бидејќи одредени национални малцинства, преку своите представници во Координацијата, се уште немаат дадено зелено светло за верификација на преводите на пописните ливчиња. Станува збор за албанскиот, бошњачкиот, хрватскиот и словачкиот Национален совет, кој, како дознаваме, во меѓувреме даде верификација. Според законските нормативи Републичкиот завод за статистика не може да ги продолжи активностите околу печатењето на пописните ливчиња без верификација на преводите од странана сите Национални совети и заедничка согласност на Координацијата за изгледот и содржината на пописното ливче.

Председавачот на Координацијата Величковски појаснува дека Координацијата во меѓувреме постигнала согласност за изгледот и содржината на пописните ливчиња.

-Ние испред Координацијата најпрвин баравме на пописното ливче да бидат наведени сите постоечки национални малцинства во Србија, како можност за јасно изјаснување и поголема транспарентност на попишувањето. Меѓутоа зедовме во предвид дека пописните ливчиња на српски јазик веќе беа во процедура на печатење па до Републичкиот завод за статистика дадовме предлог пописните ливчиња да бидат со отворена можност, додака секој попишувач ќе биде во обврска на оној граѓанин што треба да се попише, да даде јасен и прецизен избор, истиот да се изјасни онака како се чустввува, читајќи му ги опциите од посебни ливче кое ќе го има со себе.

На одржаната седница на Координацијата, посочено е и дека од страна на Министерството за човечкии малцински права и општествен дијалог стигнало известије за потребата да се продолжи со процесто на доставување на листа на градови и оштини каде Националните совети бараатда имаат свои представници во локалните изборни комисии. Оаа активност е во моментот во криза бидејќи Републичкиот завод за статистикадава можностКоординацијата да даде предлог на по еден заеднички кандидат кој ќе ги представува сите Националнми совети во локалните пописни комисии, но само како придружени членови, но не има дозволуваат стаус на постојани членови, со што Националните асовети не се сложуваат.

Ќе подсетиме дека Координацијата доби свој представник во Републичката пописна комисија и двајца представници во работната група за спроведување на Пописот 2022, но иако сите Национални совети начелно се сложија да имаат по еден заеднички член во пописните комисии на ниво на локалните самоуправи, тие не се сложи тоа да биде во сите градови.

Имено, некој од националните совети побарааза неколку градови, поточно локлани самоуправи, да добијат можност за именување повеќе членови на пописните комисии. Станува збор пред се за градот Суботица и уште неколку градови каде се бараво локаланите пописни комисии да членуваат представници на националните малцинства на Унгарците, Хрватите, Буњевците и други, а не само еден заеднички представник, како што е веќе договорено за најголемиот број на градовите и општините. Бидејќи за повеќето општини во Србија Координацијата постигна концензус, се смета дека оваа дополнително барање не би требало да биде големо оптоварување за државата, па се очекува овој проблем наскоро да биде надминат.

Меѓутоа онаа на што Координацијата инсистира е членовите на пописните комисии во локалните смоуправи да бидат исклучително постојани а никако придружени.

Председавачот на Координацијата Величковски појаснува:

-Законот не препознава придружен член на пописна комисија, веќе само постојан и ставовите на Националните совети на националните малцинства, сублимирани како став на Координацијата е дека од оваа барање нема одстапување. Појаснувањата дека секој член во пописните комисии е платено лице и дека тоа би бил голем товар за државата е нешто што Националните совети не го поздравуваат. Се работи за по еден представник во локалните самоуправни, па дури не и во сите, а поголем број на членови се бара само во три локални самоуправи. Сметаме дека тоа не се преголеми средства за да националните малцинства имаат можност адекватно да учествуваат во овој процес.

Врз основ на овој став донесена е заедничка одлука Координацијата да изготвиплатформа на сите Национални совети за пописот 2022 година, а од председавачот,председателот на Македонскиот национален совет, е побарано свикување на седница во живо, која ќе се одржи во наредниот период најверојатно во Јабука каде што домаќини на оваа седница ќе биде здружението на граѓани припадници намакедонското национално малцинство во Србија „Илинден„ Јабука. На оваа седница се очекува и присаство на ресорната министерка Гордана Чомиќ, со чија помош националните совети ќе се обидат да ги остварат своите барања. На оваа средба ќе стане збор и за финансирањето на националните совети во наредниот период, а ќе се зборува и на други теми од важност за животот и работата на малцинствата во Србија. Пред се на дневен ред ќе се најдат новиот нацрт на измените и дополненијата на Законот за јавното информирање, Законот за култура и др.

За сите понатамошни активности на Координацијата на националните сове, припадниците на националните малцинства во Србија ќе бидат благовремено известувани преку своите малцински медиуми, повеќејазичните додатоци во списанијата, портали и тв емисии.

Во меѓувреме, додека беше подготовуван овој број на весникот, одржана е уште една онлине конференција на која Националните советиодбраа шест члена за учество во Посебната работна група за подготовка на текстот на Предлогот на акциониот план за остварување на правата на националнаните малцинства, и то: Емил Лулиќ испред Националниот совет на Унгарците, Јасна Војниќ испред Националниорт совет на Хрватите, Мухедин Фиуљанин испред Националниот совет на Бошњаците, Сузана Кујунѓиќ-Остојиќ испред Националниот совет на Буњевците, Борче Величковски испред Националниот совет на македонците и Марија Поптешин испред Националниот совет на Словаците. На оваа седница председателот на Македонскиот совет е делегиран за учество на избор на член на Комисијата за додела на национални признанија при Министерството за култура и информирање. Разгледувани се и други прашања, како што предлог за утврдување на химна на Координацијата, избор на работна група за меѓусебна соработка на Националните совети за изработка на заеднички преокти и др.