Dejan Anđelović 2

На 29 мај 2019 година новото раководство на здружението на граѓани припадници на македонското национално малцинство за Севернобачки округ „Илинден” од Суботица, предводени од новоизбраниот претседател на Здружението Дејан Анѓеловиќ, го посетиа Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија. Гостите ги пречека претседателот на Советот Борче Величковски а на состанокот присуствуваше и првиот секретар на македонската Амбасада во Србија Марјан Јовановски.

Изборно собрание Јабука слика 2

На 24 мај 2019 година во просториите на Домот на културата „Кочо Рацинво Јабука се одржа изборно Собрание на здружението на припадници на македонското национално малцинство за Јабука „ИлинденЈабука.

Bosilegrad 3

Заштитникот на граѓаните Зоран Пасалиќ одржа втора средба во Босилеград со претставници на националните совети на националните малцинства во Република Србија. На средбата се разговараше за клучните прашања во работењето на националните совети, надлежностите на институцијата Заштитник на граѓаните во областа на заштитата на правата на националните малцинства, како и идната соработка во областа на унапредување на правата на националните малцинства. На отворањето на состанокот присуствуваше градоначалникот на Босилеград, Владимир Захариев. Македонскиот национален совет го претставуваше потпретседателот Пецо Ристески.

Слика Ден на Чешкиот национален совет

На 16 мај 2019 година Националниот совет на чешкото национално малцинство во Србија го прослави денот на националниот совет. 

 Регионална канцеларија Јабука 2

На 25 април 2019 година на Велики четврток во Јабука се отворени новите регионални канцеларии на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и канцеларии на здружението на граѓани на припадници на македонската национална заедница во Јабука „Илинден" од Јабука.