APV 1

Потпретседателот на владата на покраината и  секретарот на покраинскиот секретаријат за образование, прописи, администрација и национални малцинства - Национални заедници Михал Њилаш  потпишаа со претставниците на националните совети на националните малцинства уговори за расподелба на сретствата. За спроведување на годишните активности на 17 национални совети, кои имаат седиште  на територијата на АП Војводина, преку 60.000.000,00 рсд беа одвоени од буџетот на покраината.

 Ружиќ 2

Советот за националните малцинства го усвои предлогот  културата да стане приоритетна област за финансирање на програми и проекти од буџетскиот фонд за националните малцинства во 2019 година. Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, кој е  и заменик претседател на Советот за националните малцинства, посочи дека 30 милиони динари се определени во Буџетскиот фонд за националните малцинства оваа година.

UO NIUMIIC

На 22 март 2019 година во просториите на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија се одржа редовна седница на Управниот одбор на Новинско-издавачката установа „Mакедонски информативен и издавачки центар Д.О.О Панчево. 

 Изборно собрание во Македониум слика 1

На изборното собрание на здружението „Македониум“ одржано на 21 март 2019 година во Установата за култура „Пароброд„ во Белград избрано е ново раководство на Здружението.

средба

На 19 март претседателот  на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски во придужба на претседателот  на Извршни одбор на Советот Никола Кипровски, претседателот на одборот за службена  употреба на јазикот и писмото Новица Дукадиновски  и финансовиот советник Јелена Јаќимовска, остварија  средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македоније Виктор Димовски.