Ombudsman Republika Srbija

Воспоставување на нови облици на соработка и унапредување на идната соработка беше тема на состанокот на Заштитникот на граѓаните со представниците на Националните совети на националните малцинства во Република Србија кој се одржа на 18 февруари годинава. На овoj состанок Националниот совет на македонското национално малцинство ги представуваше претседателот на ИО на Советот Никола Кипровски.

ГО ПРЕНЕСУВАМЕ СООПШТЕНИТО НА АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БЕЛГРАД

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека во сабота на 20 април 2019 година, од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Белград, на адреса: „Господар Јевремова" број 34, ќе се спроведе гласањето за нов Претседател на Република Македонија.

СЛИКА ОЗРЕН И БОРЧЕ

Во Владата на Автономна Покраина Војводина,во просториите на Секретаријатот за образование,прописи, управа и национални малцинства се одржа состанок помеѓу покраинскиот секретар Михаљ Њилаш и новоизбраните председатели и представници на Националните совети на националните малцинства кои имаат седиште на територија на покраината. На овој состанок, каде што Македонскиот национален совет го представуваа председателот Борче Величковски и членот на Советот Озрен Симјановски,сите новизбрани представници има можност меѓусебно поблиску да се запознаат и да дадат свои предлози за продолжување на, како е оценето досегашната успешна соработка со овој Секретаријат.

На втората редовна седница вочетвртиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија, одржана на 26 јануари во Панчево, избрани се сите органи и тела со што се створени услови за работа во четирите области за кои е надлежна оваа институција.

ljubisa

Денес се простуваме со еден од најголемите македонски културни дејци на овие простори и Амбасадор на Република Македонија во Белград од 2009 до 2013 година, Љубиша Георгиевски.

Македонската заедница во Србија имаше чест и задоволство да го запознае овој, пред се прекрасен човек, кој со своите дела остави неизбришлива трага во нашето културно и општествeно живеење. Со своите дела, активности и заложби како Амбасадор на Република Македонија во Република Србија даде исклучителен придонес во зачувувањето на македонскиот национален идентитет, промоција на македонската култура и уметност, како и во образованието на македонски јазик на овие простори, за што вечно ќе сме благодарни.