I sednica

Конститутивна седница на Националниот совет на македонското национално малцинство одржана е на 02 декември во големата сала на Собранието на градот Панчево, на која што се потврдени мандатите на 23 члена на Советот.

Одма потоа одржана е и првата редовна седница на која што е избран претседателот на Националниот совет Борче Величковски и на на која што е усвоен новиот Статут на Советот.

borce izbori

77 од вкупно 79 верификувани електори ги бираа новите 23 члена на Македонскиот национален совет, на електорското собрание, кое што се одржа во Собранието на Република Србија во Белград. Листата на актуелниот претседател на Советот Борче Величковски оствари апсолутна победа, а воедно тоа беше и единствена листа што се кандидираше, па така предложените 23 електори ќе ги имаат сите места но новиот мандат на Советот.

Izbori

Министeрството за државна управа и локална самоуправа, во склад со членот 102 став 1 од Законот за националните совети за националните малцинства, издаде соопштение дека во период од 17 август до 04 октомври 2018 година се поднесени вкупно 382 електрорски пријави на потврдување, од кои 80 на припадниците на македонското национално малцинство, од кои 79 се потврдени.

 Избори за националне савете националних мањина 4. новембра

Министерот за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ ги распиша изборите за Националните совети на националните малцинства за 4 ноември оваа година. 

FB IMG 1534253113424Известени сме дека во Македонска улица во Белград на столбот пред парфимеријата ,,ДМ'' наспроти седиштето на весникот ,,Политика'' и Радио Белград осамна графит ,,Смрт Македонцима''  во превод ,,Смрт на Македонците''.