Ве известуваме дека на ден 30 јули 2018 година, Собранието на Република Македонија, донесе Одлука за распишување на референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

На референдумот на државно ниво во дипломатско- конзуларните претставништва можат да гласаат само државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од избирачкиот список.

Гласањето во дипломатско- конзуларните претставништва ќе се одржи на ден 29 септември 2018 година (сабота) во периодот од 07-19 часот, по локално време.

За таа цел, на крајот од ова известување можете да ги најдите обрасците за Барање и Пријава за гласањето на референдумот.

savet nsm

Седница на Советот за националните малцинства, на која претседаваше претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, одржана е во просториите на Владата на Република Србија во Белград, со неколку точки на дневен ред, од кои најважната беше измена на Нацртот на законот за измените и дополненијата на Законот за националните совети на националните малцинства во Србија. На седницата учествуваше претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски.

40under40 zorica

На годинашната листа „40 под 40“ која што ја објави Обединетата македонска дијаспора со 40 продуктивни и талентирани Македонци на возраст под 40 години кои творат ширум земјината топка и се сметаат за успешни лидери, се најде и секретарот на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.

apv ugovor 2

Во Владата на АП Војводина беше уприличено свечено потпишување на уговорите за 2018 година, за додела на редовните и средствата за развојна дејност на националните совети на националните заедници кои имаат седиште на територија на АП Војводина од страна на Владата на АП Војводина, поточно Секретаријатот за образование, прописи и национални малцинства на АП Војводина.

8 7

По повод претставувањето на шестиот редовен извештај за спроведување на активностите во рамки на Акциониот План 23 за остварување на правата на националните малцинства во Република Србија се одржа конференција во Палатата Србија. Конференцијата ја отвори Сузана Пауновиќ ВД Директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права . Таа истакна дека овој извештај се однесува на четвртиот квартал во 2017 година и дека активностите за спроведување на овој Акционен план редовно се следат.