savet2018

Во просториите на Владата на Република Србија се одржа првата овогодишна седница на Републичкиот Совет за националните малцинства со кој претседаваше актуелната претседателка на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, а на која што присуствваа и сите членови на овој Совет, меѓу кои и претседателот на Македонцкиот национален совет Борче Величковски.

koordinacija

На првата седница на Координацијата на националните малцинства во Србија во 2018-та година, на која што присуствуваше и претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, со помалку невообичаен тек најпрвин беше обработувано прашањето на заедничкиот проект на Министерството за државна управа и локална самоуправа, Центарот за истражување на етницитетот од Белград и Координацијата на националните совети на националните малцинства во Србија под наслов: Делотворна застапеност на националните малцинства во работата на органите во јавната власт и јавните служби.

Клуб књижевника 82

Амбасадорката на Република Македонија Вера Јовановска Типко во белградскиот ,,Клуб на книжевници“ организираше коктел и праштална вечер по повод завршеток на својот четиригодишен мандат.

kzljmp1

Kанцеларијата за човековите и малцински права оддржа прв работен состанок со претставниците на новоизбраните национални совети на националните малцинства. Темата на состанокот беше распоредување на средствата од буџетот на Република Србија за финансирање на работата за националниоте совети на националните малцинства за 2015 година. Македонскиот национален совет го претставуваа претседателот Борче Величковски и портпаролот Зорица Митровиќ. На состанокот беа присутни и претставниците Мисијата на ОБСЕ во Белград.