Centar za regionalizam slika 1

На 18 јуни во Нови Сад во организација на Центарот за регионализам а со подршка на Ханс Сејдл фондацијата беше организирана конференција на тема „Статус и положба на националните малцинства во државите настанати со распаднувањето на СФРЈ“. На оваа конференција учество зедоа врвни стручњаци од шесте држави кои настанаа со распаѓањето на бившата СФРЈ.

Пландиште 1

На 07 јуни 2019 година претседателот на општината Пландиште г-дин Јован Репац со своите соработници Горан Доневски, заменик на претседател на општината, Ендре Сабо, претседател на Собранието на општината и Влада Младеновиќ, заменик на претседател на Собранието на општината, беа домаќин на претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски, претседателот на Извршниот одбор на Советот и претседателот на Здружението на граѓани припадници на македонската национална заедница „Вардар" Пландиште Никола Кипровски и првиот секретар на македонската Амбасада во Србија Марјан Јовановски. 

На 05 јуни 2019 година претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија Борче Величковски придружуван од страна на секретарот и програмскиот координатор на Националниот совет Зорица Митровиќ и финансовиот советник Јелена Јаќимовска оствариа состанок со представнички на Канцеларијата за човекови и малцински права задолжени за следење на финансовото работење на Националните совети на националните малцинства во Србија. 

800x600 izvod iz maticne knjige rodjenih 1

Од почетокот на годината припадниците на националните малцинства имаат можност својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените. Тоа им го овозможија Измените и дополненијата на Законот за матичните книги. Уписот на податоците е доброволен, а покрај националната припадност оние кои сакаат ќе можат во матичната книга на родените да упишат и промена на полот.

Борче

На 30 мај 2019 година во просториите на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, во Панчево беше одржан работен состанок со претставниците на КУД „ Васил Хаџиманов"  во состав Милорад Младеновски претседател на КУД-от и Марјанов Снежана кореограф на Куд-от со претседателот на Националниот совет Борче Величковски.