За нас

Македонскиот национален совет во Република Србије е највисоко застапничко тело на Македонците во Република Србија, избрано за остварување на правата за малцинска самоуправа. Основан е на 11 декември 2004. година во Белград, врз основа на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од 2002 година. Делокругот на работа и надлежностите подетално се дефинирани со Законот за националните совети на националните малцинства од 2009 година.

Македонскиот национален совет ја претставува македонската заедница во областа на службената употреба на јазикот и писмото, образованието, информирањето и културата и учествува во процесот на одлучување или одлучува за прашања од овие области и формира институции од овие области.